8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемото ИПО во светот е одложено за 2019-та година?

Најголемото ИПО во светот е одложено за 2019-та година?

Најголемото ИПО во светот, на судиската нафена компанија „Saudi Aramco“, нема да се одржи оваа година, како што се очекуваше.

Тоа го посочуваат британските владини кадри кои добиле информации од нивните саудиски колеги дека постапката за примарната понуда на акции може да биде одложена, пренесува „Financial Times“.

Неколку извори, кои се запознаени со разговорите за оваа тема, откриваат дека Лондон се уште има добри шанси да биде местото на претстојното ИПО, во кое Саудиска Арабија ќе ја бара проценка на државната нафтена компанија во износ од 2.000 милијарди долари.

Сепак, според информациите, ИПО-то може да биде одложено за наредната 2019-та година, иако се очекуваше да случи оваа година.

Саудиска Арабија сака да продаде 5% од најголемата нафтена компанија во светот, како дел од економските реформи кои течат во земјата под туторство на крунисаниот принц Мохамед бин Салман.

Арапската страна го наведе крајот на 2018-та година за одржување на ИПО-то, а планирано е да се случи на саудиската берза „Tadawul“. Желбата тоа да се случи истовремено или доследно на странска берза покрена голем број прашања.

Одложувањето на ИПО-то доаѓа и во позадина на тоа што советниците по постапката не успеваат да ја достигнат оценката од 2.000 милијарди долари, која ја сака Мохамед бин Салман.

Финансиските резултати и операции на „Saudi Aramco“ се чуваат во тајност со децении. Фактот дека компанијата има многу блиски односи со владата предизвикува некои финансиски, правни и регулаторни предизвици.

Според изворите на „Financial Times“, ако Саудиска Арабија одлучи да направи ИПО, како на домашната, така и на странска берза, тоа ќе се случи во исто време.

Извор близок на разговорите вели дека ИПО-то може да се случи во првиот или вториот квартал од 2019-та година.

Лондон, Њујорк и Хонг Конг се меѓу местата кои што ќе се натпреваруваат да бидат домаќини на најголемото првично предлагање на акции во светот.

Друга опција за која се дискутира е продажба на акции на стратешки инвеститори. Саудиските владетели се поделени околу тоа каде да се направи предлагањето.

Мохамед бин Салман сака ова да се случи во Њујорк, надевајќи се дека локалните регулатори ќе направат отстапки за привлекување на ИПО-то. Тој овој месец ќе го посети американскиот град.

Некои министри и директори во „Saudi Aramco“ неофицијално посочија дека Лондон можеби е посоодветна дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП