8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Сообраќајот се одвива по суви коловози и со умерен интензитет

АМСМ: Сообраќајот се одвива по суви коловози и со умерен интензитет

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На патниот правец А2, Стругa – граничен премин Ќафасан, од бензинската пумпа КМР до местото викано Добра Вода кај селото Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП