21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic размислува да продаде една од своите кинески фабрики

Panasonic размислува да продаде една од своите кинески фабрики

„Panasonic“ ја разгледува можноста за продажба на својата кинеска фабрика која произведува безбедносни камери. Компанијата се надева дека зделката ќе достигне вредност од над 450 милиони долари, пишува јапонскиот весник „Nikkei“, цитиран од агенциите.

„Panasonic“ сака да заврши со регрутирањето на првичните понуди во почетокот на април, а меѓу потенцијалните купувачи се американскиот фонд за удели во инвестиции „Carlyle Group“ и британските „Permira“ и „CVC Capital Partners“, објави „Nikkei“, без да ги открива имињата на своите извори.

„Panasonic“ очекува да добие над 50 милијарди јени (468 милиони долари) од продажбата на својата фабрика која се наоѓа во една од југоисточните кинески провинции. Овие пари може да се искористат за уште еден клучен бизнис, како што се автомобилските батерии, на пример.

Компанијата може да ги прекине преговорите ако нема доволно добри договори, објави весникот. Претставник на компанијата тврди дека таа размислува неколку опции за зајакнување на својот бизнис со безбедносни камери, но се уште ништо не е решено. „Carlyle“ и „CVC Capital Partners“ не беа достапни да коментираат, а „Permira“ одби да разговара за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП