7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку квадратни метри се купуваат со 1 милион долари во светот?

Колку квадратни метри се купуваат со 1 милион долари во светот?

Еден милион долари веќе не се она што беа, особено кога станува збор за луксузниот имот. Извештајот за богатството на лондонската компанија за недвижности „Knight Frank“ ги проценува водечките пазари во светот и споредува колку квадратни метри од луксузен имот се доволни за 1 милиони долари.

Монако продолжува да е најскапиот пазар на луксузен имот во светот. За 1 милиони долари купувачите таму можат да се добијат само 16 м2, доволни за пристоен плакар.

Хонг Конг е вториот најскап пазар, затоа што со 1 милиони долари таму се купуваат 22 м2. Во десетте најскапи пазари за луксузен имот спаѓаат уште Њујорк, каде за 1 милиони долари купувачите можат да се здобијат со 25 м2, Лондон со 28 м2, Сингапур со 39 м2, Женева со 41 м2, Париз со 45 м2, Сиднеј со 48 м2, Шангај со 54 м2 и Лос Анџелес со 58 м2.

Растот на светската економија го зголеми богатството на богатите луѓе во светот и со тоа се зголемени цените на луксузните имоти во водечките градови. „2017-та беше година во која ѕвездите се наредија добро за економијата и повеќето пазари забележаа релативно здрав раст“, пишуваат авторите на извештајот.

Речиси сите градови станаа поскапи во минатата година. Во Монако и Њујорк со 1 милиони долари се купувал 1 м2 помалку во однос на претходната година. Во Лондон, кој е на четвртото место, за 1 милиони долари се купувале 2 м2 помалку во однос на 2016-та година, а во Лос Анџелес цените се зголемија уште повеќе, па 1 милиони долари таму биле доволни за 58 м2 луксузен имот наспроти околу 61 м2 една година порано.

Луксузни имоти со повеќе поволни цени можат да се најдат во бразилскиот град Сао Паоло или во Кејп Таун во Јужна Африка, каде за 1 милиони долари се купуваат околу 173 м2 и 157 м2. Но дури и Сао Паоло станува поскап, бидејќи пред една година 1 милиони долари биле доволни за купување на 176 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП