9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNew Stratos ќе го нема знакот на Lancia (фото+видео)

New Stratos ќе го нема знакот на Lancia (фото+видео)

Компанијата „Manifattura Automobili Torino“ (MAT) најави на женевскиот авто-саем дека на купувачите ќе им понуди ограничена серија од автомобилот кој е духовен наследник на легендарниот модел „Lancia Stratos“ од седумдесетите.

„New Stratos“, како што е официјалната ознака на оваа современа верзија на познатиот спортски и рели автомобил кој се произведуваше од 1973-та до 1978-ма, во Женева е изложен во форма на концептно возило.

Станува збор за истиот автомобил кој уште во 2010-та го претстави „Lancia“, со идеа да го оживее „Stratos“ во модерна инкарнација.

Од таа идеа во меѓувреме се откажаа, а брендот „Lancia“, кој моментално во производната програма има само еден модел (Ypsilon), практично е пред згаснување.

Реализацијата на „New Stratos“ ја превзема „MAT“ која најави дека е во план ограничено сериско производство од само 25 примероци.

Според некои најави, овој автомобил во Велика Британија би се продавал по цена од околу 600.000 фунти.

„New Stratos“, кој по дизајнот на надворешноста многу потсетува на оргиналната верзија на тој модел, сега наместо знакот на „Lancia“ го има новото лого на компанијата „Manifattura Automobili Torino“.

Концептниот автомобил механички е пазиран на моделот „Ferrari F430 Scuderia“.

За погон користи 4.3-литарски V8 со 540 ks и 520 Nm. Возилото oд 0 дo 100 km/h забрзува за само 3,3 секунди, дo 200 km/h стигнува за 9,7 секунди, a максималната брзина изнесува 330 km/h.

При брзина од 100 km/h за да застане му се потребни 2,2 секунди.

Компанијата „Manifattura Automobili Torino“ не откри дали продукциската верзија ќе го има истиот погонски агрегат.

Концептот „New Stratos“, како и оргиналниот модел, го дизајнираше студиото „Pininfarina“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП