29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSnap потврди дека ќе отпушти 10 % од инженерите

Snap потврди дека ќе отпушти 10 % од инженерите

Компанијата Snap Inc. која стои зад популарната апликација Snapchat, според пишувањето на Волстрит журнал, наскоро ќе отпушти 10% од своите инженери.

Станува збор за третиот и воедно најголем бран на откази откако компанијата минатата година ја имаше својата прва јавна понуда на акции. „Snap Inc.“ во моментот има околу 3.000 работници.

Главна причина за отказите е наводно лошата продажба на „Snapchat“ очилата, при што стотина илјади од тие очила буквално скапуваат во кинеските складишта.

„Snapchat“ очилата на компанијата и донесоа загуба од барем 39 милиони долари. И покрај тоа, компанијата планира дури два нови модели на „Snapchat“ очилата кои на пазарот би требало да се појават во текот на оваа и наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП