29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСјајни резултати, во САД отворени 313.000 работни места

Сјајни резултати, во САД отворени 313.000 работни места

Американските работодавци во февруари отвориле 313.000 работни места, што е повеќе отколку во било кој друг месец од јули 2016 година, покажуваат податоците на Министерството за труд на САД.

Стапката на невработеност, четврти месец по ред, се задржа на стабилните 4,1 проценти, што е најниското ниво во последните 18 години, пренесува Вашингтон пост.

Просечната заработка по час во февруари порасна за 2,6 проценти на годишно ниво, што е благо забавување во однос на растот од 2,8 проценти од јануари.

Извештајот укажува дека пазарот на труд и понатака е силен и дека ќе продолжи да го поддржува економскиот раст, додека слабиот раст на платите е последица од загриженоста дека американската Управа на федерални резерви (ФЕД) побрзо од очекуваното ќе ги зголеми каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП