8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИдејата за новата локација на клиничкиот центар поддржана од архитектите

Идејата за новата локација на клиничкиот центар поддржана од архитектите

Асоцијацијата на архитектите на Македонија ја поздравува одлуката на Владата и Министреството за здравство со која се разреши дилемата за изградбата на новиот клинички центар.

„Истовремено, изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што беше заложба на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, како и на неколку генерации врвни архитекти пред нас, кои се залагале за изградба на еден нов модерен клинички центар по сите светски стандарди. Како Асоцијација на архитекти на Македонија го изразуваме нашето задоволство што при донесувањето на ваквата одлука на Владата беа земени предвид и мислењата и сугестиите на стручната јавност. Се надеваме дека оваа соработка при носењето важни одлуки за унапредување на урбаниот простор ќе продолжи и во иднина“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП