4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставници на Владата на средба со стопанственици од Куманово

Претставници на Владата на средба со стопанственици од Куманово

Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, Зорица Апостолска, министерка задолжена за странски инвестиции, и Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, денеска ќе учествуваат на трибина со стопанственици од Куманово и Кумановскиот Регион, на која ќе бидат презентирани можностите за компаниите со спроведување на мерките од планот за економски раст на Владата.

Трибината ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово и ќе започне во 11 часот, а вицепремиерот Анѓушев ќе даде изјава за присутните медиуми околу 11.45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП