2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНето богатството на американските домаќинства се приближува до 99 илјади милијарди долари

Нето богатството на американските домаќинства се приближува до 99 илјади милијарди долари

Богатството на американските домаќинства достигна 98,7 илјади милијарди долари во четвртиот квартал од минатата година благодарение на порастот на берзата и цените на недвижностите. Ова го покажува извештајот на ФЕД, цитиран од „Ројтерс“.

За споредба, нето богатството на домаќинствата во претходниот квартал достигна 96,7 милијарди долари.

Иако берзата во САД беше нестабилна во последните неколку месеци, таа остана во добра форма до почетокот на оваа година. Во четвртиот квартал од 2017-та година, индексот „S&P 500“ се зголеми на околу 10%. Вредноста на акциите се зголеми за 1,3 илјади милијарди долари, според извештајот на ФЕД.

Кредитите за домаќинствата се зголемија за 5,2% на годишна основа помеѓу октомври и декември, во споредба со растот од 3,5% во третиот квартал, покажуваат податоците. Потрошувачките кредити пораснаа за 7,8% од година во година, наспроти 3,6% во претходниот квартал.

Вредноста на недвижниот имот се зголеми за 0,5 илјади милијарди долари. Хипотекарниот долг забележа раст од 3,0% на годишна основа, наспроти 2,8% во претходниот квартал.

Американската економија е во својот трет најдолг период на раст од Втората светска војна, а невработеноста од 4,1% е на најниско ниво од пред речиси 17 години.

Ликвидните средства што ги чуваат нефинансиските организации во САД достигнаа 2,5 илјади милијарди долари наспроти 2,4 илјади милијарди долари помеѓу јули и септември.

Силата на економијата на САД ја поттикна ФЕД да продолжи да ги зголемува каматните стапки во рамките на построгите мерки што почна да ги спроведува до крајот на 2015-та година.

Централната банка на САД ги зголеми каматните стапки четири пати и инвеститорите очекуваат понатамошно зголемување на својата следна седница на 20-21-ви март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП