2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДвојно ќе се зголеми производството на Polestar 1

Двојно ќе се зголеми производството на Polestar 1

Предводникот на спортската марка на „Volvo“ – „Polestar“ кој се нарекува „Polestar 1“, ќе се појави на пазарот другата недела, а сериозната побарувачка на моделот значи дека производството ќе ги надмине првично планираните примероци. Компанијата дебитираше на автосаемот во Женева како самостојна марка, а досега има добиено над 6.000 нарачки за „Polestar 1“ уште пред да биде позната конечната цена.

Според првичните плановите требаше да се произведат 1.500 единици од „Polestar 1“, а тоа треба да се направи во сосема новата фабрика „Volvo“ во Ченгду, Кина. Сега компанијата потврди дека тие најверојатно ќе го удвојат производството, но сепак се сомневаат дека ова нема да биде доволно.

Главниот извршен директор на „Polestar“, Томас Ингенлат пак објави дека компанијата почнува да собира депозит во износ од 2.500 евра од секој сериозен кандидат-купувач, а кампањата започна во средината на овој месец. Но, тој, исто така, одби да ја потврди конечната цена на „Polestar 1“, за што очигледно ќе мораме да чекаме. Но, треба да биде повисока од првично проценетите 150.000 евра.

За овие пари клиентите на „Polestar“ ќе добијат рачно склопен автомобил, изграден со импресивно количество фиброкарбонски елементи и придвижуван од „plug-in“ хибриден систем со вкупна моќност од 600 коњски сили и 1000 Нм вртежен момент.

Досегот само на електрична енергија на „Polestar 1“ ќе е околу 150 километри, а натаму главната улога за погонот ја презема 2,0-литарски 4-цилиндричен турбо мотор со моќност од 430 коњски сили.

По „Polestar 1“ компанијата планира да го лансира и поевтиниот „Polestar 2“, кој е целосно електричен и „SUV“ моделот „Polestar 3“. Дури потоа ќе се размислува за нов модел, кој ќе ја преземе од „Polestar 1“ улогата на предводник на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП