12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел изрази загриженост за поскапувањето на увозните давачки во САД

Меркел изрази загриженост за поскапувањето на увозните давачки во САД

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост во врска со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да наметне увозни давачки врз алуминиумот и челикот и повика на преговори за намалување на тензиите.

„Со загриженост го гледаме зголемување на тарифите за одредени производи“, рече Меркел.

Таа додаде дека ја поддржува ЕУ во нејзината желба за дијалог со САД, но исто така и со земјите кои можат да бидат погодени, како Кина.

Денеска Трамп потпиша указ за значајно воведување царина на увоз на челик за 25 отсто и алуминиум за 10 проценти. Овој чекор на Трамп би можел да доведе до избивање глобална трговска војна. Со високите тарифи ќе бидат опфатени земјите од Европската Унија и Кина, но не и Канада и Мексико, со кои САД и натаму преговара за новиот трговски договор. Негативни реакции за тарифите пристигнаа од сите краеви на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП