31 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз ги оствари најлошите резултати од пред седум месеци

Германскиот извоз ги оствари најлошите резултати од пред седум месеци

Извозот на Германија се забавува со најбрза стапка од пред седум месеци наваму во јануари, станува јасно од последните податоци за најголемата економија во Европа, пишува „Financial Times“.

Извозот се намалува за 0,5% до 111 милијарди евра во јануари во однос на еден месец порано, покажуваат сезонски прилагодените податоци. Прогнозата на аналитичарите беше раст од 0,3%. Увозот, исто така, падна за 0,5 отсто на месечно ниво на 89,7 милијарди евра во однос на 0,1 проценти раст на прогнозата.

Трговскиот вишок на земјата останува стабилен на 21,3 милијарди евра, се вели во извештајот на Федералниот завод за статистика. Податоците излегуваат само ден откако стана јасно дека новите индустриски нарачки во Германија бележат пад од 3,9% во јануари, што е значително над очекувањата за пад за 1,6%.

Податоците за германскиот трговски биланс стануваат јасни во момент кога несигурноста во однос на светскиот протекционизам се засилува, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша во четвртокот указот за наметнувањето давачки од 25% за увоз на челикот и 10% на алуминиумот. Новата мерка, која ќе влезе во сила за 15 дена, нема да важи за Канада и Мексико.

Во јануари, околу 40% од извозот на Германија беше за земји надвор од Европската унија.

Продажбата на мало во Германија, исто така, објави изненадувачки пад во јануари. Тоа е знак дека приватната потрошувачка може да остане слаба во почетокот на 2018-та година, откако претходно стана јасно дека тоа не придонесе за растот на економијата на земјата во последниот квартал од минатата година.

Последната студија на „GfK“ покажа дека потрошувачката клима во Германија малку се влоши. Ова, за возврат е знак дека политичките тешкотии во земјата во последните неколку месеци може да влијаат на потрошувачката раст во најголемата европска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП