20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се подобрува статусот на комуналните инспектори

Ќе се подобрува статусот на комуналните инспектори

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претставници од Здружението на комунални инспектори на Македонија.

Комуналните инспектори, членови на здружението, го информираа премиерот за нивните предлози за законски измени во постоечкото законско решение, кое ја регулира оваа проблематика, како и за подобрување на статусот на комуналните инспектори.

Во насока кон подобрување на имплементирањето на комуналните закони, како и предлагањето практични решенија кои произлегуваат од нивната работа, побараа да бидат почесто консултирани во носењето на законите, подзаконските акти и правилниците за работа на инспекторатите.

Премиерот Заев на средбата се заложи во иднина членови од здружението да бидат вклучени на сите работни состаноци во Mинистерството за транспорт и врски, кога се носат правилници за работа на инспекторатот, а исто така најави дека ќе го задолжи Mинистерството за информатичко општество и администрација да ги додаде општинските комунални инспектори во правилникот за работни места со висок ризик по здравјето и животот на државните службеници од 1, 2 и 3 степен.

Премиерот искажа силна поддршка за работата на инспекторите охрабрувајќи ги да бидат поактивни во поднесувањето конкретни предлози и да ја зајакнат комуникацијата со надлежните министерства. Исто така, побара од нив активно и посветено да се справуваат со отстранувањето на загадувачите и сметот во урбаните и руралните средини во периодот што следи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП