19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено интензивирање на соработката со ЕБОР

Најавено интензивирање на соработката со ЕБОР

Премиерот Зоран Заев придружуван од неговите советници за економија и финансии денеска се сретна со Анка Јоана Јоанеску, директорка на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Македонија и Косово и Френклин Стивс, виш советник во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро управување (ICGI) што ја спроведува Европската банка за обнова и развој.

„Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги презентираа можностите за соработка со Владата на Република Македонија во рамки на Иницијативата за инвестициска клима и добро управување којашто се однесува на неколку важни аспекти како што се промоција на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, проекти за зголемување на конкурентноста, проекти кои се однесуваат на инспекцискиот надзор и контрола“, соопшти Владата.

Во однос на реформската агенда што Владата ја спроведува, претставниците на ЕБОР изразиле силна поддршка за реализација на реформските процеси.

„Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на Владата на Република Македонија за оваа 2018 година. Ќе ги разгледаме сите можни аспекти и ќе ја интензивираме соработката со ЕБОР во насока на реализација на овие цели“, рекол премиерот Заев на средбата со претставниците на ЕБОР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП