3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо населбата Бардовци ќе се гради новиот Клинички центар

Во населбата Бардовци ќе се гради новиот Клинички центар

Клиничкиот центар дефинитивно ќе се дислоцира, одлучи Владата. Новата локација, како што рече министерот за здравство, Венко Филипче, ќе биде во населбата Бардовци, во близина на психијатриската болница. Последната локација, како што рече Филипче, не е најдоброто место за понатамошно функционирање на Клиничкиот центар.

„Тоа место е угушено. На тоа место дури и со новиот проект немаше да се постигне добро сообраќајно решение. Немаше да има доволно паркинг места и улицата Водњанска и натаму ќе останеше тесно грло, особено за граѓаните кои живеат во околината, а истовремено немаше да обезбеди добар пристап до болничката услуга. Новиот проект немаше да ни обезбеди модерен Клинички центар како во развиените земји.

Филипче рече дека биле разгледувани неколку локации доволно големи за да ги сместат покрај зградата на Клиничкиот центар и медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина.

„Работиме и на подобрување на сообраќајното решение во Клиничкиот центар каде што е сега. Со градот Скопје веќе имаме изготвено едно решение за влез на возила, но и за проток на возилата. Ќе обезбедиме посебна лента за Брзата помош, на плацот за градба се надевам дека ќе успееме да изградиме и монтажна катна гаража за да се олесни протокот на возила…Ова е капитален договор, кој сметам дека ќе го реши проблемот“, објасни Филипче.

Локацијата е во населбата Бардовци, многу блиску до психијатриската болница. Се планира да се направат пристапни патишта. Ќе има пат што ќе тргнува од населбата Карпош и ќе оди директно до Клиничкиот центар и се планира нова улица, тоа е продолжение на улицата Железничка, која ќе продолжи кон правец на Ѓорче Петров и ќе поминува точно каде што планираме да се смести овој објект. Ова го направивме со консулатции на асоцијацијата на архитекти, кои ни дадода професионално и издржано решение.

„Дел од земјиштето е државно, сигурно дека треба да се расчистат имотно-правните односи. Станува збор за парцела од 84 хектари, а само за споредба постоечката површина е 24 хектари“, рече Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП