20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБикот пуштен во оптек за колекционерски цели

Бикот пуштен во оптек за колекционерски цели

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“.

Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 грама, чистота на среброто од 19,43 грама, во квадратна форма со димензии 37 х 37 милиметри, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 милиметри.

Цената на кованaтa парa „Бик“ изнесува 2.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар