25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Ka доби „крос“ верзија (фото+видео)

Ford Ka доби „крос“ верзија (фото+видео)

„Ford“ на актуелниот саем за автомобили во Женева го претстави моделот „Ka+ Active“ кој има зголемено растојание од тлото.

Целосно новата, „Active“ верзија на најмалиот модел во гамата на „Ford“ има зголемен „клиренс“ за 23 mm во однос на стандардниот модел и типични заштитни елементи на долниот дел од каросеријата.

Производителот во исто време го редизајнираше стандардниот „Ka+“, освежувајќи ја надворешноста на овој мал автомобил со нова предна маска, светла за магла и браници.

Тука се и единствените 15-инчни алуминиумски бандажи и посебната бронзена металик боја „Canyon Ridge“, додека ентериерот е обложен со зрнест дезен на инструмент таблата и карбонски темни детали.

Веројатно најважното подобрување во однос на претходниот модел е „SYNC3“ мултимедијалниот екран чувствителен на допир од 6,5 инчи, а кој може да се управува и со гласовни команди.

Што се однесува до погонската единица, тука е трицилиндарскиот 1.2-литарски „Ti-VCT“ бензинец во верзии со 70 и 85 KS, како и 1.5-литарски „TDCi“ дизел агрегат кој произведува 95 KS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП