17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзија загрижена за тарифите за увоз на челик и алуминиум во САД

Азија загрижена за тарифите за увоз на челик и алуминиум во САД

Најголемите азиски држави реагираа остро на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум и предупредија дека тоа би можело да нанесе штета на односите меѓу земјите и да предизвика одмазднички акции, пренесува „Ројтерс“.

Јапонија соопшти дека одлуката ќе има силно влијание врз билатерални односи меѓу Токио и Вашингтон.

Кина, која произведува половина од светскиот челик, ќе направи оценка на штетите предизвикани од мерката на САД и ќе ги брани цврсто своите легитимни права и интереси, изјави министерот за трговија на земјата, додавајќи дека царините ќе влијаат сериозно на нормалниот тек на светската трговија.

Јужнокорејскиот министер за трговија, Пајк Ун-гиу, изјави дека ова е трговска војна.

„Ние мораме да ја спречиме трговската војна предизвикана од непотребен протекционизам, во кој губитник ќе биде целиот свет“, рече министерот. „Ројтерс“ објави дека Јужна Кореја е трет по големина импортер на челик во САД, по Канада и Бразил.

Новите тарифи нема да важат за Канада и за Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП