26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо финансиска помош за девет проекти Јапонија ги круниса пријателските односи со...

Со финансиска помош за девет проекти Јапонија ги круниса пријателските односи со Македонија

Денеска се одржа церемонија по повод потпишувањето на деветте проекти со кои Владата на Јапонија ќе ѝ обезбеди средства на Република Македонија. Во рамки на настанот благодарност за донациите во рамки на грант-програмата за мали проекти за основни човекови потреби изрази вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, овој пат во улога на национален координатор за странска помош.

Османи во своето обраќање истакна дека со донациите ќе се обезбедат средства за подобрување на состојбите во многу значајни сектори како што се здравствениот и образовниот сектор.

„Посебна благодарност сакам да упатам и до амбасадорката Ханеда, но и до целиот тим на Амбасадата на Јапонија во Република Македонија, со чија упорност и посветеност се обезбедени овие неповратни средства”, истакна Османи притоа потенцирајќи дека заедничкиот труд резултира со зголемен буџет оваа година за финансирање на оваа програмата за мали проекти, што говори исклучително позитивно за одличната соработка и пријателските односи меѓу Јапонија и Република Македонија.

Поддршката од страна на Јапонија датира уште од осамостојувањето на Република Македонија, период во кој Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори за граѓаните, како што се здравство, образование, развој на локалните заедници итн.

„Како национален координатор за странската помош во Република Македонија имам определба нашата соработка дополнително да се унапредува и во периодот што претстои и верувам, со сесрдната и искрена помош на амбасадорката Ханеда, но и на целиот тим на Амбасада на Јапонија дека ќе успееме да ги унапредиме не само развојната соработка туку и економската, културната и политичката соработка меѓу двете земји”, заклучи Османи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП