18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен повик за 11-то издание на ЛИДЕР проект: Врвна програма за бизнис...

Отворен повик за 11-то издание на ЛИДЕР проект: Врвна програма за бизнис образование во Македонија

Македонија2025 објавува отворен повик за ЛИДЕР проектот кој по 11-ти пат ќе се одржи во Скопје од 7-ми до 18-ти мај. Ivey School of Business го организира ЛИДЕР проектот уште од 1991-ва година. Оваа програма е целосно бесплатна и претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) работилница, која ги поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, создавајќи нови можности во нивните општества.

Претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат  нивното чувство за бизнис. Без разлика дали веќе поседувате свој бизнис или пак имате квалиететна бизнис идеја која сакате да ја реализирате, ЛИДЕР проектот ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до вашата цел!

Повикот е отворен до 10-април 2018. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на: http://www.macedonia2025.com/activities/single/1097

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП