25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд каде доаѓал челикот во САД - кој најмногу ќе настрада?

Од каде доаѓал челикот во САД – кој најмногу ќе настрада?

САД го објавија воведувањето на такса од 25 проценти на увозот на челик и 10 проценти на алуминиумот од кое се исклучени Канада и Мексико, а претседателот Трамп веќе го потпиша указот за воведување на царина на овие производи.

Во 2017 година вкупниот американски увоз на челик изнесувал 33,46 милијарди долари во однос на 24,28 милијарди од 2016 година, што е пораст од 37,8 проценти.

Увозот на алуминиум бил вреден 17,31 милијарди долари во 2017 година во однос на 13,4 милијарди долари претходната година, што е раст од 31,7 проценти.

Следи списокот со десетте главни снабдувачи на челик и алуминиум според уделот во вкупниот увоз на тие производи и износ во долари, според американското Министерство за трговија.

Канада 15,6 %, што е 5,2 милијарди долари

Бразил 9,1% (3 милијарди долари)

Јужна Кореја 8,3% (2,8 милијарди долари)

Русија 8% (2,7 милијарди долари)

Мексико 7,1% (2,4 милијарди долари)

Јапонија 4,8% (1,6 милијарди долари)

Германија 4,6% (1,5 милијарди долари)

Турција 3,7% (1,2 милијарди долари)

Тајван 3,7% (1,2 милијарди)

Јужна Африка 2,9% (982 милиони)

Кина, која Трамп ја прозиваше е на 11-то место со 2,7% (900,57 милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП