19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија се претстави на саем за туризам во Берлин

Македонија се претстави на саем за туризам во Берлин

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот соопшти дека Македонија и годинава е дел од водечкиот настан и центар на атракција за туристичката индустрија, кој влијае на искуствата за патување низ целиот свет- ITB Berlin, Trade Show Show.

„Почнувајќи од 07-ми до 11-ти март, претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија , на професионално организираниот македонски штанд, во позитивна и пријатна атмосфера, ќе ги запознаваат сите посетители со туристичките вредности на нашата земја. Ентузијастички настроени, туристичките субјекти и претставници од приватниот сектор на Македонија, меѓу кои: ТА BADEM TOUR, Fibula Air Travel, TA Visit Macedonia, DMC Balkans, TA Enjoy Balkans, TA Bohemia, Macedonia Holidays, Park Hotel ги претставуваат своите туристички производи кои ги следат светските трендови. Македонскиот туристички сектор одржува чекор со туристичките трендови и креира понуди и аранжмани во зависност и координираност со истите“, соопшти Агенцијата.

Оттаму додаваат дека новиот директор на Агенцијата, Љупчо Јаневски остварил средби со претставници на Томас Кук- Белгија, Томас Кук-Азија, ТУИ-Холандија, Ауринко, Нордика- Естонија, Визит Балкан-Полска. На состаноците, со дел од нив се дискутирало за можностите за продолжување на партнерските односи и отпочнување на нова соработка, со цел зголемување на туристичкиот промет во Македонија.

Од почетоците во 1966-та година до денес, „ITB Berlin“ поздравува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји и региони. Градовите, тур-операторите, авиокомпаниите, хотелите, медиумите и другите туристички ентитети кои се занимаваат со туризам се претстават себе си и своите услуги и ги инспирираат светските патувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП