6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го потпиша контраверзниот указ за воведување царина на увоз на челик...

Трамп го потпиша контраверзниот указ за воведување царина на увоз на челик и алуминиум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша указ за значајно воведување царина на увоз на челик за 25 отсто и алуминиум за 10 проценти.

Овој контроверзен чекор на Трамп би можел да доведе до избивање глобална трговска војна. Со високите тарифи ќе бидат опфатени земјите од Европската Унија и Кина, но не и Канада и Мексико, со кои САД и натаму преговара за новиот трговски договор.

САД минатата година речиси половина од челикот го увезоа од Канада, Бразил, Јужна Кореја и Мексико. Аналитичарите сметаат дека американската царина на челикот и алуминиумот би можела да биде кобна за другите земјоделски гранки и дека трговската војна би имала несогледливи последици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП