Денеска претпладне на повеќе места ќе преовладува умерено до значително облачно време, а попладне почнувајќи од север облачноста ќе се намалува, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и значително потопло со дневни температури на места и над 20 степени.
И во понеделник ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Од вторник ќе има благо намалување на дневните температури.