11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: По наместа влажни коловози се одвива сообраќајот

АМСМ: По наместа влажни коловози се одвива сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патниот правец А2 Струга – граничен премин Ќафасан, од бензинската пумпа КМР до селото Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово,Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП