26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлада: Порастот на БДП за 1,2 отсто е показател за успешните реформски...

Влада: Порастот на БДП за 1,2 отсто е показател за успешните реформски политики

Согласно со податоците за бруто домашниот производ (БДП) за изминатата година од Државниот завод за статистика на Република Македонија, може да се заклучи дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте, информираат од владината прес-служба.

Овој раст го одразува враќањето на стабилноста и довербата. Стабилизацијата на економијата и забрзувањето на растот на бруто домашниот производ во четвртото тромесечје јасно покажува дека економските политики на Владата на Република Македонија ја засилуваат економијата“, стои во соопштението.

Се наведува дека во 2018 година се очекува раст на економијата од 3,2% и Владата на Република Македонија работи на создавање услови и можности за овозможување на таквиот раст и негово интензивирање во следните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП