10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПресуди во Стразбур ја чинат државата 87.530 евра

Пресуди во Стразбур ја чинат државата 87.530 евра

Во 2017 година пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права против Македонија државата ја чинеле 87.530 евра.

Според информациите што „Макфакс“ ги доби од Бирото за застапување на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во 2017 година највисоката сума досудена за одлука за пријателско спогодување е 9.000 евра и се однесува на предметот „Неат Еминов против Македонија“, а во врска со правото на живот и правото на ефективен правен лек.

Според податоците на Бирото, за 2017 година за пријателско спогодување досудени се 23.450 податоци за спогодбеното решавање предмети меѓу тужителите и државата бидејќи преговорите, како што велат, се од доверлив карактер. Владата на речиси секоја седница има поставено точка на дневен ред на која се разгледува случај за спогодбено решавање на предмет од Стразбур, кој се води против државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП