28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојна против криптовалутите: Казни против компании кои тргуваат со биткоини

Војна против криптовалутите: Казни против компании кои тргуваат со биткоини

Јапонската влада воведе казнени мерки против поединечни компании за трговија со биткоини.

Оваа одлука следеше откако 58 милијарди јени(530 милиони долари) во виртуелната валута беше загубена на пазарот од почетокот на годината поради пиратеријата.

Агенцијата за финансиски услуги, која го надгледува овој вид на трговија, објави дека на компаниите “FSHO” и “Bit Station” им наредиле да го прекинат овој вид трансакции во рок од еден месец.

Агенцијата соопшти дека “FSHO” не ја надгледувал добро својата работа, додека другата компанија користела биткоини за лична употреба.

Неколку други онлајн-компании, меѓу кои и “Coincheck”, кои се мета на масовно пиратство, добија налог за подобрување на внатрешната контрола.

Јапонија е една од ретките земји што ги прифати криптовалутите и системот за лиценцирање за следење на нивната употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП