25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken го продава својот бизнис во Кина

Heineken го продава својот бизнис во Кина

Кинеската „China Resources Beer“ (Holdings) е во процес на преговори за купување на бизнисот на пиварницата „Heineken“ во Кина во договор кој може да надмине 1 милијарда долари, бидејќи најголемата локална пивара во земјата бара нов мотор на раст од премиум брендовите, соопшти „Ројтерс“.

Преговорите се случуваат во момент кога глобалните гиганти на пиво како „Heineken“, „AB InBev“ и „Carlsberg“ се соочуваат со жестока конкуренција од страна на локалните конкуренти, а и меѓу себе, во пазарите во развој, кои се јавуваат како мотор на растот на светските пивари.

Кина е најголемиот пазар во светот на пиво по обем на продажбата. Најголемиот бренд на „CR Beer“ – „Snow“ е најдобро продаваното пиво во светот, но речиси сите продажби се во Кина.

Еден од изворите вели дека договорот меѓу „CR Beer“ и „Heineken“ најверојатно ќе вклучува три пиварници – во провинциите Гуангдонг, Хаинан и Жеијанг, дистрибутивната дејност на „Heineken“ и нејзините брендови во Кина.

Пиварите разговарале за трампа на акции како дел од договорот, изјави извор за „Ројтерс“.

Деталите не се финализирани и преговорите се уште можат да пропаднат, додал изворот, кој побарал анонимност, бидејќи информацијата не е јавна.

Двете компании одбиле да одговорат на прашањата за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП