28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer го превзема Steigerwald

Bayer го превзема Steigerwald

bayer1

Германскиот „Bayer“ потпиша договор за превземање на 100 проценти од акциите на компанијата „Steigerwald“, пренесуваат странските медиуми.

Компанијата во приватна сопственост е специјализирана за лекови од растително потекло, кои се достапни само во аптеките.

Финансиските детали не беа објавени. Договорот ќе биде завршен по исполнувањето на вообичаените антимонополски постапки, кои се очекуваат на почетокот на јули,

„Оваа аквизација е уште еден доказ за нашата посветеност кон проширување на бизнисот преку стратешки превземања на компании во приватна сопственост. Ова ни овозможува на купувачите да им понудиме поширока палета на производи за самолекување“, изјави претседателот на Управата на „Bayer“ Марин Декерс.

„На овој начин ја шириме нашата програма за производи за лечење на дигестивни заболувања и добиваме можност за јакнење на нашето присуство во Германија и на брзо-растечките региони во Источна и Централна Европа“, додаде тој.

Продажбата на „Steigerwald“ минатата година изнесуваше 61,3 милиони евра. Компанијата има 180 вработени, а седиштето на производството е во Дармштат. „Bayer“ се обврза дека ќе ги превземе сите вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП