27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА87.000 евра ќе исплати Државата на граѓаните кои ја тужеле во Стразбур

87.000 евра ќе исплати Државата на граѓаните кои ја тужеле во Стразбур

Во 2017 година пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права против Македонија, државата ја чинеле 87.530 евра.

Според информациите кои „Макфакс“ ги доби од Бирото за застапување на Р. Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во 2017 година највисоката сума досудена сума за одлука за пријателско спогодување е 9000 евра и се однесува на предметот Неат Еминов против Македонија, а во врска со правото на живот и правото на ефективен правен лек.

Споредено со 2016 година, кога биле досудени 102.870 евра, лани сумата е нешто пониска. Според податоците на Бирото, за 2017 година, за пријателско спогодување досудени се 23.450 евра. Статистиката покажува дека судовите најмногу повреди направиле на членот 6 од Конвенцијата, која што се однесува на правото на правична постапка.

Од Бирото не доставија податоци за спогодбеното решавање предмети меѓу тужителите и државата, бидејќи преговорите, како што велат, се „од доверлив карактер“. Владата на речиси секоја седница има поставено точка на дневен ред, на која се разгледува случај за спогодбено решавање на предмет од Стразбур кој се води против државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП