19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТрка за деветстепената трансмисија

Трка за деветстепената трансмисија

devet

Не е тајна дека компанијата „ZF“ е еден од лидерите на пазарот за автоматски менувачи. Хит во моментов е осумстепената автоматска трансмисија која ја користат брендовите како „BMW“, „Volkswagen“ и многу други. Сега на потег е иновација на менувач со девет степени на пренос. Тој исто така е дело на „ZF“, но борбата е кој ќе го пушти прв во продажба. Битката се води во САД, а како главни претенденти за лансирање се „Chrysler“ и „Land Rover“.

Ќе потсетиме дека за време на автомобилскиот саем во Женева оваа година „Land Rover“ ја претставија првата во светот деветстепена автоматска трансмисија, која ја монтираа на „Range Rover Evoque“. Во САД сепак моделот ќе се појави во дилерските центри во декември оваа година. Трансмисијата ќе се прави во фабриката на „ZF“ во државата Јужна Каролина, но производството се уште не е започнато.

Од друга страна од „Chrysler“ исто така се подготвуваат да започнат производство на трансмисија со девет брзини, а според нивните планови тоа ќе се случи уште во месец јуни. Првиот модел од страна на „Chrysler“ кој ќе се опреми со оваа трансмисија е новото „Cherokee“ кое би требало да се појави во дилерските центри уште во септември оваа година.

„Chrysler“ инвестираше 162 милиони долари за создавање на нова фабрика во државата Индијана каде што ќе се произведуваат менувачи под лиценца на германската компанија „ZF“. И од „Chrysler“, и од „Land Rover“ се надеваат дека некој од нив прв ќе пушти во продажба автомобил со новата деветстепена трансмисија, но кој ќе успее, останува да дознаеме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП