10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Оланд ќе ја послуша Меркел?

Дали Оланд ќе ја послуша Меркел?

France Germany

Франција мора да продолжи со реформите откако Европската комисија и даде дополнителни две години за да го намали буџетскиот дефицит, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

На заедничката конференција за новинари со францускиот претседател Франсоа Оланд, по разговорите за реформите во Европа, Меркел ги наведе државите, вклучувајќи ги Шпанија и Грција, кои спроведуваат тешки структурни реформи, но не ја спомена Франција.

„Се договоривме дека на Франција ќе и дадеме уште две години за да го намали својот дефицит на 3,0 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а заедно со тоа одат и очекувањата дека таа ќе ги спроведе реформите. Тоа оди заедно“, изјави Меркел.

Таа и Оланд беа согласни дека и во иднина треба да има претседател на Евросамитот со „полно работно време“, кој ќе има и поголеми овластувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП