ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска доби остри критики од ЕУ во новиот извештај

Хрватска доби остри критики од ЕУ во новиот извештај

Во рамки на редовниот извештај во кој се анализира состојбата на секоја од земјите членки, ЕУ остро ја искритикува Хрватска.

Европската комисија наведе дека Хрватска отстварила ограничен напредок во ланските препораки и дека воопшто не напредува во структорните реформи.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ оцени дека извештајот на Европската комисија потврдил дека земјата заостанува и не се развива со предвидената динамика.

„Заостануваме и не се развиваме со онаа динамика што би ни овозможила да фатиме чекор, не само со неразвиените земји во ЕУ, туку и со оние со кои до вчера бевме изедначени, ако не и поразвиени“, наведе Грабар-Китаровиќ.

Додава дека во извештајот се нагласени проблемите кои и таа ги нагласувала веќе некое време, како што се недостатокот од структурни реформи, слабоста и нискиот развоен потенцијал во структурите на хравтската економија, потребата од реформи во образованието, судстството, здравството, како и капацитетите на јавната администрација

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП