29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинување на роамингот во ЕУ?

Укинување на роамингот во ЕУ?

roaming1

Потпретседателката на Европската комисија – ЕК, Нели Крус го повика Европскиот парламент да ги принуди мобилните оператори да престанат да наплатуваат роаминг во рамките на земјите членки на Европската унија.

Обраќајки им се пратениците во Европскиот парламент, Крус изјави дека оваа пракса би требало да заврши во 2014 година.

Европската комисија претходно ги критикуваше операторите на мобилната телефонија во ЕУ поради многу високите цени на роаминг повиците, а исто така, поставен е и максимален лимит за наплатата на интернетот во роаминг.

Крус вели дека следниот чекор е укинувањето на наплатата за пренос на податоци по роаминг цени, бидејќи ЕУ е еден пазар и нема причина меѓу земјите членки да се наплатуваат роаминг услугите како што тоа се прави во останатите земји во светот.

Тоа значително ќе ги намали трошоците на граѓаните, но и заработката на мобилните оператори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП