
Кои се градовите во светот каде приходите во домаќинството изнесуваат над 250.000 долари годишно?


Кои се градовите во светот каде приходите во домаќинството изнесуваат над 250.000 долари годишно?
Одговорот на ова прашање е даден во новиот извештај на „Knight Frank“.
Според последните податоци вкупно 1.167 милиони домаќинства во Њујорк и соодветно 637.000 и 400.000 во Лос Анџелес и Чикаго имале приход од над четвртина милион долари.
Во топ 10 се уште шест американски градови – Сан Франциско, Вашингтон, Хјустон, Далас, Бостон и Филаделфија.
Десеттата позиција е за Лондон, каде што има 272.000 домаќинства со високи примања.
Кои се идните градови кои ќе им обезбедат високи примања на своите жители?
На врвот во рангирањето се главните градови на Индонезија и Египет, соодветно Џакарта и Каиро, каде во следните пет години се прогнозираат нови 223.000 и 152.000 домаќинства со приход од над 250.000 долари.
Њујорк ќе продолжи да го зголемува бројот на богатите семејства со извонредна стапка, додавајќи 148.000 до 2022-ра година.
Нови над 80.000 домаќинства со приход од над ¼ милион долари ќе има уште во Лос Анџелес, Делхи, Москва и Абу Даби.
Во топ 10 се Мумбаи, Хјустон и Далас.