25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖенскиот фонд за жртви на насилство ќе добие донација од Аеродром

Женскиот фонд за жртви на насилство ќе добие донација од Аеродром

Општина Аеродром ќе донира 30 илјади денари во Женскиот фонд наменет за жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина.

Акцијата за собирање средства е организирана од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на ниво на целата држава по повод Денот на жената – 8-ми Март, кој во себе носи своја симболика и е синоним за борбата за правата на жените.

Главната цел на оваа акција е да го сврти вниманието кон семејното насилство и да ја поткрене јавната свест за ова прашање. Првичната помош вклучува храна, облека и медицинска документација за жените кои ги напуштаат насилните средини. Меѓу другото за нив се обезбедуваат извештаи од специјалисти и помош за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош.

Општината во февруари потпиша Меморандуми за соработка со Телото на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и со Националниот совет за родова рамноправност. Целта на оваа соработка е да изградиме општина со еднакви можности за сите, со фокус на родовата еднаквост, како и родовото одговорно буџетирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП