
Компанијата „Toshiba“ на својата интернет страна официјално ја претстави најновата серија на телевизори – „REGZA Z8X“ кои ќе бидат достапни во три големини – 58, 65 и 84 инчи. Сите тие ќе работат во резолуција „Ultra HD“ или 3840×2160 пиксели (два пати поголема од „Full HD“ моделите кои се со 1920х1080 пиксели). Моделите работат со процесор „REGZA Engine CEVO 4K“, имаат аудио систем со четири звучници чија моќ е 40W, а исто така и „HDMI“, „LAN“ картичка и слот за „SD“ мемориски картички.

