ЕКОНОМИЈА

Времето претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови (околу 15 л/м2). Ќе дува умерен повремено засилен западен и северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 2 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно во раните утрински часови ќе има врнежи од дожд. Температурата од 6 до 15 степени.

До недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Ваквите временски услови ќе предизвикаат интензивно топење на снежната покривка, особено на планините.