25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРикјардо го урна рекордот да потсети дека и Ред бул е тука!

Рикјардо го урна рекордот да потсети дека и Ред бул е тука!

Даниел Рикјардо покажа дека и Ред бул ќе се обиде да се бори за титулата во 2018 година подобрувајќи го рекордот на патеката Каталуња кој стоеше од преуредувањето на патеката покрај Барселона во 2007 година.

Неговото време од 1:18.047 на новите хипермеки гуми на „Пирели“, поставено на вториот ден од вториот зимски тест пред новата сезона, беше подобро од пол-позицијата на Луис Хамилтон од 2017 година од 1:19.149 и убедливо најдобро од кој било круг поставен на зимското тестирање иако, бидејќи се работи за тестирање, рекордот нема да биде официјален.

Шампионот Луис Хамилтон во Мерцедес беше втор најбрз со 1:18.400 или 0,353 секунди побавен од Рикјардо на супермеки гуми, а неговиот колега Валтери Ботас беше 0,160 секунди побавен во попладневната сесија.

Во Мерцедес, дефинитивно, ја забележаа брзината на Ред бул.

„Има три брзи тима досега и нема сомнеж дека Ред бул ќе биде меѓу тимовите штоо ќе се бори за победа оваа сезона. Можеби има некои нејасни работи и не знаеме дали сме пред нив или тие се малку пред нив, но заедно со Ферари, тие се трите најбрзи болиди“, признава техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Елисон.

Себастијан Фетел, кој имаше 171 круг во вторникот и имаше најдобро време, возеше во утринската сесија на местото на Кими Раиконен, кој беше болен. Фетел беше четврт најбрз со 1.494 секунди заостанување, но за забележување е дека тој се концентрира на подолги екскурзии на патеката, односно на симулации на трки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП