28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛекарите во Канада не сакаат повисоки плати

Лекарите во Канада не сакаат повисоки плати

Повеќе од 500 лекари во Канада, заедно со 150 студенти на медицина, потпишаа отворено писмо во кое протестираат поради зголемувањето на платите.

„Ние, лекарите во Квебек, кои веруваме во силен јавен систем, се спротивставуваме на неодамнешното покачување на платите, кое го договорија нашите медицински здруженија“, се наведува во писмото.

Потписниците додаваат дека се навредени поради покачувањето што им следува во момент кога медицинските сестри и пациентите се наоѓаат во неповолна положба.

„Покачувањето е дотолку шокантно ако се земе предвид дека нашите медицински сестри, службеници и другите професионалци се соочуваат со многу тешки работни услови. Нашите пациенти живеат со недостиг од пристап на потребните служби поради наглото намалување на платите во изминатите години и централизацијата на власта во Министерството за здравство. Изгледа дека единствено нашите плати се имуни на овие намалувања“, се наведува во писмото.

Потписниците бараат парите што се предвидени за покачување на нивните плати да се вратат во системот.

Просечната бруто-плата на лекарите на годишно ниво во Канада изнесува 260.924 долари за клинички услуги, покажува извештајот на канадскиот институт за информации во здравството, објавен во септември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП