4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпанија од Индија заинтересирана за инвестиции во Македонија

Компанија од Индија заинтересирана за инвестиции во Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, вчера оствари средба со директорот на индиската компанија JSW, Саџан Џиндал, и со генералниот менаџер на компанијата ИГМ, Александар Гечев, соопшти владината прес-служба.

На средбата се разговарало за новите можности за инвестиции што се отвораат за компаниите преку новите мерки за поддршка предвидени во планот за економски раст, за природниот потенцијал со кој располага Македонија, како и за позитивните аспекти на деловниот амбиент во земјата.

Од Владата соопштија дека Заев на средбата презентирал дел од мерките предвидени во планот за економски раст и ги повикал претставниците на индиската компанија да аплицираат по мерките од планот за економски раст, кој нуди јасни и транспарентни критериуми еднакви за сите и да се одлучат за нови инвестиции во нашата земја.

„Премиерот Заев посочи дека во Македонија e обезбеден стабилен бизнис-амбиент, во кој се поддржуваат растот и успехот на домашните и странските компании со цел да расте квалитетот на живеење и да се отвораат нови работни места за граѓаните. Од страна на претставниците на компаниите беше изразен интерес за нови инвестиции во областа на производството на електрична енергија од обновливи извори“, соопшти Владата.

Компанијата JSW од Индија се занимава со производство на челик, цемент, електрична енергија од обновливи извори, а како нова инвестициска програма беше посочена производната линија на електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП