2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Не сакаме да градиме ѕид помеѓу ЕУ и Велика Британија

Туск: Не сакаме да градиме ѕид помеѓу ЕУ и Велика Британија

Европската Унија не сака да изгради ѕид со Велика Британија кога ќе го напушти блокот, изјави претседателот на ЕУ, Доналд Туск, обелоденувајќи ги нацрт-насоките за врските по брегзитот.

„Мојот предлог покажува дека не сакаме да изградиме ѕид меѓу ЕУ и Велика Британија, туку, напротив, Велика Британија ќе биде нашиот најблизок сосед и сакаме да останеме пријатели и партнери“, изјави Туск на прес-конференција во Луксембург.

Тој додаде дека трговските војни се лоши и лесно може да се изгубат, со тоа контрирајќи му на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој неодамна рече дека трговските војни се добри и лесни за извојување победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП