19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Србија се договорија за брашното

Македонија и Србија се договорија за брашното

Министерот за земјоделство на Македонија, Љупчо Николовски и спрскиот министер за трговија Расим Љајиќ постигнаа договор за увоз на српско брашно во земјава.

Двајцата министри донесоа заедничко решение во дека на пакувањата на увозното брашно од еден, два и пет килограми, контролни маркички ќе се лепат во Србија, а на пакувањата од 25 и 50 килограми контролните маркички ќе се лепат во Македонија. Воедно, на состанокот министрите се договорија да се формира комитет, составен од надлежните институции на двете држави, чија работа ќе биде во насока на надминување на сите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија.

„Се договоривме да формираме комитет меѓу двете влади, кој ќе ги разгледа сите овие прашања. Комитетот ќе расправа и за оправданоста за постоење на ваквите маркички што биле воведени по барање на стопанските комори и сега се во согласност и со двете стопански комори на стопанствениците од двете земји и доколку постои такво барање и интерес, ние немаме никаков проблем да пристапиме и кон укинување на самите маркички“, изјави министерот Николовски.

Министерот Љаиќ посочи дека Србија нема да воведе контра мерки за Македонија бидејќи денеска е направен важен чекор за решавање на конкретниот проблем со извозот на срспкото брашно, но и дека се отворија и сите други прашања за кои Комитетот ќе има задача да изнајде решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП