7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено зголемување на надоместоците за дежурствата на докторите и медицинските сестри

Најавено зголемување на надоместоците за дежурствата на докторите и медицинските сестри

Министерството за здравство соопшти дека ќе се зголемат надоместоците за дежурствата на докторите и медицинските сестри.

„Во првата половина од годинава ќе се зголеми сумата што докторите и медицинските сестри ќе ја добиваат за дежурствата. На пример, минатата година еден интернист за дежурање во работен ден добивал 1.340 денари, а годинава овој износ ќе се зголеми и ќе изнесува од 2.500 до 3.000 денари. А за дежурство на празник или во текот на викенд сумата од 2.980 ќе порасне на 4.000 денари“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството посочи и дека и понатаму останува на ветувањето од програмата на Владата на Република Македонија за покачување на платите на сите здравствени работници, и тоа 5 проценти, во втората половина оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП