26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден поинаков 8 Март на Вечери на женски права

Еден поинаков 8 Март на Вечери на женски права

Ана Јовковска, Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска, Огнен Јанески и бендот Џун се само дел од оние кои ќе се придружат на Вечерите на женски права кои по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржат по деветти пат годинава, со почеток во 20 часот во Кино „Фросина“, МКЦ, под мотото „Сега е моментот – сите за родова еднаквост“.

Вечерите на женски права кои традиционално се одржуваат по повод Меѓународниот ден на жената, во своето деветто издание годинава ќе го претстават шпанскиот документарен филм „Граници и ветувања“ на режисерката Роисин Меколи, по кој ќе следуваат разговори за феминизмот, еманципацијата, женскиот активизам и многу други теми со Ана Јовковска и нејзините соговорници Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска, Огнен Јанески, женски слем поезија перформанс со Елена Пренџова и музичко дружење со Џун.

На Вечерите на женски права ќе биде претставена и изложбата „Признаените vs. невидливите жени“ која содржи две збирки – шведската изложба „Пионерските чекори во воведувањето на надворешна феминистичка политика“ во која се претставени клучни жени и одредници во шведската надворешна феминистичка политика, како и македонскиот „еквивалент“ во кој се претставени невидливите жени од нашата историја.

Оваа година, настанот за одбележување на 8ми Март, во рамките на Вечерите за женски права, е организиран од UN Women канцеларијата во Скопје, Град Скопје и Институтот за човекови права, во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје. Како дел од овогодинешните Вечери на женски права ќе биде организирана Недела на вечери на женски права (26-31 мај 2018) во Кинотеката на Македонија, проследена со дебати со ученици во средните училишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП