6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе уште постои поделба помеѓу машките и женските професии во Европа

Се уште постои поделба помеѓу машките и женските професии во Европа

Се чини дека поделбата меѓу машките и женските професии се одржува во Европа.

Меѓу 20-те најчести професии во Европската унија (ЕУ), кои обезбедуваат работа на 76% од вработените, најсилно беше присуството на жените во сектори како личните грижи (89%), чистењето (84%), администрацијата ( 80%) и медицинскиот персонал (78%), како и меѓу наставниците (71%). Ова го покажуваат податоците на „Еуростат“ од 2016-та година.

Мажите пак се силно застапени во градежништвото (97%), како возачи и оператори на подвижна опрема (96%), обработувачи на метал (96%), научните и технички специјалности (83%) и научните и инженерски професии (74%).

Традиционално посилно останува присуството на мажите во рударството, производствените дејности и транспортот. Повеќе се жените меѓу трговците, правниците, во социјалната и културната сфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП