21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M8 Gran Coupe ветува интересна иднина (фото+видео)

BMW M8 Gran Coupe ветува интересна иднина (фото+видео)

„BMW“ на саемот во Женева го претстави концептниот „M8 Gran Coupe“, кој ветува интересна блиска иднина за сите кои го очекуваат новиот предводник на брендот и ревитализација на серијата „8“ на баварците.

Друга добра вест е дека сериските „M8“ и „M8 Gran Coupe“ ќе се појават следната година.

Купето со 4 врати демонстрира спортски и динамични пропорции, и како што се очекуваше – долгата предница и непречениот спуст се линија на покривот кон багажникот. А изгледот на предниот дел, што е доста близок до онок на „М“-моделите на марката што исто беше очекувано, а акцентот тука е на позлатениот „бубрег“ на решетките кој е елементот на „ексклузивност“.

Фаровите пак директно се превземени од тркачкиот „M8 GTE“, кој ќе учествува во Ле Ман. За помала тежина, многу од елементите на автомобилот се направени од пластика, армирана со влакна.

Овој концепт, за кој се претпоставува дека е многу близок до сериските верзии, доаѓа по друг концепт – „Series 8 Coupe“, но се уште од „BMW“ нема информации за техничките податоци на моделот.

Првично би требало да се појави сериската верзија на купето со две врати – најверојатно уште оваа година, а варијантата со 4 врати и „M8 Gran Coupe“ остануваат за 2019-та. Семејство на „Series 8“ ќе биде дополнето и со кабриолет, кој веќе беше забележан за време на тестовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП