24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИZara се насочува кон роботи за да ја зголеми својата онлајн стратегија

Zara се насочува кон роботи за да ја зголеми својата онлајн стратегија

Модниот гигант „Zara“ ја усовршува својата онлајн стратегија, која е завист на голем број од нејзините конкуренти. Компанијата користи систем за производство и дистрибуција, кој и овозможува да вклучи илјадници од своите продавници – вклучувајќи ги своите 85 локации во САД, како погодно место каде што онлајн корисници можат да купуваат и враќаат нарачки, пишува „Wall Street Journal“.

Една третина од глобалната онлајн продажба сега се искористува од физичките продавници, соопшти компанијата. Сепак, ова доведе до долги редици во некои места додека вработените да ги најдат нарачките, коментираат клиентите. За да го забрза процесот претходно оваа година, „Zara“ објави дека ќе воведе роботска верзија на сервисот за автоматизација.

Точките за собирање на нарачките во физичките продавници ќе им овозможат на клиентите, кои онлајн нарачале стоки, да скенираат или воведат код, па активираниот скриен робот да го побара пакетот во мал магацин и да го достави брзо во специјалниот простор.

„Zara“ презема чекори во позадина на предизвикот да се задржи моментумот и да се натпреварува со онлајн продавници за облека како „Zalando“ и „Asos“ кои продаваат најразлични марки. Годишната продажба на двете продавници се зголеми за повеќе од 20% во текот на изминатите неколку години, од зголемување од 3% во шпанската матична компанија на „Zara“, „Inditex“.

Најголемиот трговец на мало во продажба „Inditex“ кој поседува брендови како „Massimo Dutti“ и „Bershka“, често е еден чекор напред во однос на традиционалните конкуренти. Затоа, обидот на компанијата за подобро интегрирање на онлајн и физички услуги може да послужи како упатство за другите трговци на мало при преземање на сопствени иницијативи.

Услугата да се нарача преку Интернет, но за да добиете своја сопствена нарачка од продавница, станува се почеста кај другите трговци. Во САД во просек 8% од онлајн продажбата на „Kohl“ ја користеле услугата во последните три години, а кај продавниците како „Nordstorm“ и „Macy’s“ процентот е 3%.

Шведскиот „H&M“ ја нуди истата услуга за една четвртина од речиси 250 од нејзините продавници во Велика Британија. Компанијата вели дека работи за да ја пренесе низ целата земја и до шест други европски пазари. „Zara“, пак, ја нуди својата услуга во 44 од 94 земји во кои работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП